Don't Miss
Home / Uncategorized / Наградата за новинарство “Тоде Петрески “ за Никола Талевски

Наградата за новинарство “Тоде Петрески “ за Никола Талевски

 

Годинашен добитник на наградата за новинарство  на Битолски весник за 2017 година , која го носи името на покојниот новинар на МРТВ,  Тоде Петрески, е новинарот Никола Талевски.

Никола Талевски е роден на 18.01.1940 година во Битола. Својата професионална новинарска кариера ја почнува мошне млад во далечната 1962 година во Радио Битола, каде што претходно како хонорарен соработник  ја уредуваше и водеше хумористично сатиричната емисија “Радио хумор и сатира”.

Во Радио Битола останува дд 1964 .Од 1970 година тој е професинален дописник на  телевизија Скопје каде останува да работи до пензионирањето во 2004 година.

Никола Талевски зад себе има импресивна новинарска кариера.

Тој завршил факултет за политички науки во Белград,  а во 1984 година Талески магистрирал на Институтот за социолошки политички правни истражувања на тема “Информирањето во комуната”.

Тој и по пензинорањето не се откажа од новинарството. Веке десетина години Талески е уредник на Инфо Магазин.

Напишал 6 книги, најмногу од областа на хуморот и сатирата.

Добитник е на неколку престижни новинарски награди, а носител е на две југословенски награди  од областа на хуморот и сатирата  1971 година во Будва Црна Гора и Крушевац 1994 година.

Автор е на бројни документарни емисии за Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*