Вчера, 9 февруари 2023г., АД ЕСМ произведе 21.611MWh електрична енергија, што е најголемо дневно производство во последните 10 години, соопшти генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски на заедничката прес конференција со министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во моментот АД ЕСМ работи со сите капацитети,и ги задоволуват потребите за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања.
АД ЕСМ на почетокот на годината произведе 40% повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани.
,,Во периодот од 1 јануари до 8 февруари 2023г. АД ЕСМ преку капацитетите со кои располага произведе 720.369MWh електрична енергија, што е за 40% повеќе споредено со истиот период во 2022г, а дури 86% повеќе од истиот период во 2021г.Планот за производство за 2023г. заклучно со вчерашниот ден се исполнува 102,3%.
Позитивните резултати во 2023г. се должат на зголемениот ангажман на вработените во АД ЕСМ и поддршката од Владата и економските ресори, како и зголемениот интензитет на работа на РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, и подобрената хидрологија”-рече директорот Ковачевски.
Сите потребни енергенси, јаглен, мазут и гас се набавени, од истите има залихи и има редовни дневни испораки од добавувачите по тековните договори.
ЕСМ Продажба, надвор од дополнителните снабдувања на витални институции и субјекти по задолженија од Владата, снабдува и 64 потрошувачи на слободниот пазар по пазарни цени на електричната енергија, но со значајно помала маржа.