Don't Miss
Home / Вести / АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со 5 студенти од Тетовскиот Универзитет

АД ЕСМ потпиша договори за стипендирање со 5 студенти од Тетовскиот Универзитет

АД ЕСМ ја продолжува традицијата за поддршка на најдобрите студенти, така што додели 5 нови стипендии на студенти од Универзитетот во Тетово

Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски,  по потпишувањето на договорите за стипендирање изјави дека се надева оти стипендистите по завршувањето на студиите ќе бидат дел од АД ЕСМ.

„Тоа е финансиска поддршка од нашата компанија со цел да ги охрабриме студентите да вложат максимални напори и да стекнат знаења кои ќе им отворат подобри перспективи за работа. Нашата поддршка е доказ дека системот, државата се грижат за младите и вложуваат во младите за тие да останат тука. АД ЕСМ со поддршката на млад и квалитетен кадар придонесува кон развојот на енергетиката”-изјави директорот Ковачевски.

,,Соработката ќе продолжи и во иднина, со зголемување на бројот на стипендисти и вредноста на стипендиите, со цел да се поттикнат и стимулираат студентите за уште поголеми достигнувања и успеси, како и нивно издигнување на академски нивоа“, рече заменик- генералниот директор на АД ЕСМ, Проф. д-р Имер Зенку. Исто така, заменик директорот изрази подготвеност и посветеност за продлабочување на соработката за прашања од заеднички интерес, меѓу кои ја истакна подготовката на инженерски кадар, која е од клучна важност за пазарот на трудот воопшто, и особено за технолошките процеси на нашата компанија.

Стипендиите се во износ од 80 000 денари за една академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8.0.

Со стипендирањето АД ЕСМ како општествено-одговорна компанија, помага во продуцирање кадар што е особено актуелен на пазарот на трудот. Оваа практика  дава се подобри резултати и придонесува за унапредување на образованието и науката  и ќе продолжи и во иднина, велат од АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*