АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 22.933 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години и нов рекорд во работењето на АД ЕСМ во последната деценија, благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата.
Во моментот прозведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги.