Don't Miss
Home / Вести / АД ЕСМ започна со подготовки за грејната сезона

АД ЕСМ започна со подготовки за грејната сезона

АД ЕСМ ги започна подготовките за следната грејна сезона. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија.

Во моментов, РЕК Битола работи со три блока. Во текот на летните месеци ќе се извршат ремонти на Блок 1 и Блок 2, а ремонтните активности на Блок 3 се веќе завршени. ТЕЦ Неготино е, исто така, во редовни ремонтни активности. Овој капацитет кој не работеше 12 години и служеше како ладна резерва, минатата сезона 2022/20223 беше ставен во функција за рекордно време и даде голем придонес во надминување на енергетската криза што ја погоди земјава, како и цела Европа.

Навремената подготовка на сите капацитети е клучна за непрекинато, сигурно и зголемено производство на електрична енергија. Редовните ремонтни активности на постројките се исклучително важни за продолжување на нивниот век и безбедна работа.

Вработените во АД ЕСМ минатата сезона покажаа дека можат да се соочат со огромни предизвици и успешно да одговорат на енергетската криза со што овозможија граѓаните да ја поминат грејната сезона без ниту еден ден рестрикции на електричната енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*