Don't Miss
Home / Вести / Аферата со фалсификуваните пасоши ќе има тектонски размери

Аферата со фалсификуваните пасоши ќе има тектонски размери

Повеќе од извесно е дека аферата со издавање фалсификувани пасоши ќе има тектонски раздвижувања од пошироки размери и во нејзиното расчистување ќе се вклучат и најразвиените и моќни разузнавачки служби, смета поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на владејачкиот Демократски Сојуз, Павле Трајанов. 

„Издавањето на пасоши на нарко босови и лица опасни по безбедноста на други држави, ќе се одрази на меѓународниот углед на Македонија, на третманот во НАТО, како и на евроинтеграциските процеси. Подолго време иницирам да поминат низ ‘сито’ сите вработени во МВР и во другите безбедносни служби. Во АНБ тој процес е при крај. Без кадровско прочистување и натаму ќе се загрозува националната безбедност, особено ако во витални сектори во безбедносните служби работат лица без целосни безбедносни проверки согласно со стандардите на НАТО”, потенцира Трајанов.

Дали е ова само врв на ледениот брег? Во февруари годинава МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осум вработени во МВР, бидејќи фалсификувале возачки дозволи за потребите на лица кои немаат положено возачки испит. Фактот дека овој случај воопшто не го вклучил алармот кај нивни колеги кои работеле на друга „проблематика“ – фалсификување патни исправи, говори дека тие се чувствувале сосема комотни да продолжат со незаконските активности вели Трајанов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*