Don't Miss
Home / Вести / Ахмети за „Слободен печат“: Ако излезам на улица, враќање нема

Ахмети за „Слободен печат“: Ако излезам на улица, враќање нема

Ако ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, биде обвинет за трагедијата во Кочани, Али Ахмети ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори.

Во разговор за „Слободен печат“ лидерот на ДУИ Али Ахмети најави масовни протести за неселективна правда, за поддршка на Бектеши, но и за поддршка на протестите на „ангелите“ организирани од родителите и блиските на загинатите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што загинаа 62 млади и околу 200 лица беа повредени.

Ахмети е убеден дека на улица како од шега во секој момент ќе извади 10.000 интегративци и поддржувачи и дека ќе протестираат секоја недела.

Ќе протестираме за Крешник. Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат неселективна правда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори. Во пакетот мора да има и ветинг на сите политички партии од 1991 година до сега. Ветинг на сите функционери за потеклото на нивниот имот од 1991 година до сега. Ветинг на процесот на приватизација на државниот имот по 1991 година. Ветинг под меѓународен надзор и на судии, јавни обвинители и на самата полиција, вклучувајќи ги и сите политичари-вели Ахмети за „Слободен печат“.

Лидерот на ДУИ открива дека премиерот Христијан Мицкоски прв излегол со понуда заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори. Но, тој не прецизира дали понудата за предвремени парламентарни избори била дел од договорот Мицкоски-Ахмети, за ДУИ да ја гласа реорганизацијата на Владата. Тогаш во јавноста тврдеа дека ДУИ за возврат доби собраниска комисија за следење на имплементацијата на правичната застапеност во институциите.

Според него, главниот мотив на премиерот во октомври да има двојни избори бил да се заштедат пари и дека ако локалните и парламентарните сега бидат заедно, владата ќе има чист четиригодишен мандат затоа што во таков случај Македонија дури во 2029 година ќе гласа на три изборни циклуси, локални, парламентарни и претседателски.

Но, потоа самиот се повлекол од предлогот, најверојатно бидејќи не наишол на добар одзив во базата околу тоа.

Ахмети е дециден дека ако се чепне во албанскиот јазик ДУИ ќе повика на бојкот на локалните избори за да не се постигне цензус и гласањето да пропадне.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*