Don't Miss
Home / Вести / Алармантно: 726 новозаболени, 25 во Битола

Алармантно: 726 новозаболени, 25 во Битола

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 726 нови случаи на коронавирус, 368 оздравени и седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 367, Прилеп – 53, Куманово – 34, Неготино – 29, Кавадарци – 26, Битола – 25, Охрид – 23, Крива Паланка – 21, Велес – 18, Тетово – 17, Гевгелија – 14, Гостивар – 12, Кочани -10, Штип и Струга – по 9, Пробиштип – 8, Демир Капија – 7, Струмица, Берово, Крушево, Кратово и Демир Хисар – по 5, Кичево – 4, Свети Николе и Ресен – по 3, Делчево, Виница, Валандово и Богданци – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 368 оздравени пациенти од: Скопје – 154, Прилеп – 61, Охрид – 25, Битола – 17, Велес и Струга – по 14, Куманово – 12, Тетово и Гевгелија – по 9, Штип – 7, Гостивар и Струмица – по 6, Делчево – 5, Дебар – 4, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово и Валандово – по 2, Неготино, Крушево, Свети Николе, Богданци и Дојран – по 1.

Пријавени се седум починати лица. Починати се по двајца пациенти од Скопје (77г,74г) и Кичево (71г, 51г) и по еден пациент од Битола (72г), Неготино (67г) и Кавадарци (64г)

Шест пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 526.870 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.746, бројката на оздравени пациенти е 91.875, на починати е 3.151, а бројот на активни случаи изнесува 8.720.

Според извори на Битолски весник зголемувањето на бројот на новозаразени лица се должи на лицата кои се вратија од одмор во Занзибар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*