Министерството за здравство информираше дека се регистрирани 1056 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 590 во Скопје, 57 во Битола, 42 во Прилеп, 36 во Велес, 35 во Кавадарци, 34 во Куманово, 30 во Охрид, 28 во Тетово, 21 во Струмица, 19 во Гостивар, 18 во Неготино, по 16 во Струга и Кичево, по 13 во Штип, Кочани, Гевгелија и Берово.
Во Делчево се регистрирани девет новозаразени лица, во Свети Николе осум, по седум се регистрирани во Радовиш и Пробиштип, шест во Кратово, по пет во Ресен и Крива Паланка, по четири во Валандово и Демир Капија, по два во Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица, а едно новозаразено лице е регистрирано во Пехчево.
Од МЗ истотака информираат дека во последново деноноќие пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 до 87 годишна возраст. Пријавени се седум починати пациенти од Скопје, по четири од Прилеп и Битола, три починати пациенти се пријавени во Кавадарци, а по едно починато лице е пријавено во седум градови и тоа Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.
Регистрирани се 727 оздравени пациенти и тоа од Скопје 457, Прилеп – 58, Куманово – 27, Гевгелија – 26, Гостивар – 22, Тетово и Струмица – по 21, Велес – 17, Штип – 13, Битола и Кочани – по 12, Крива Паланка – 8, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Валандово – 4, Пробиштип – 3, Радовиш, Крушево и Пехчево – по 2, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар – по 1.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153“, се вели во соопштението од МЗ.
Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.