Don't Miss
Home / Uncategorized / Александар Кирацовски: Битола повеќе никогаш нема да биде слепо црево

Александар Кирацовски: Битола повеќе никогаш нема да биде слепо црево

Битола повеќе нема да биде слепо црево.

Ова го изјави во ексклузивното  божиќно интервју за Битолски весник, кое ќе излезе од печат в среда, на 3 јануари, генералниот секретар на СДСМ и пратеник во Собранието, Александар Кирацовски.

-За почеток, она што веднаш можам да го најавам, а е поврзано со Битола се околу 400 илјади евра за развој на Националниот парк Пелистер од Министерството за животна средина, отпочнување со подготовките за автопатот Прилеп-Битола-Меџитлија, реконструкција на двата влезови во Битола и префрлување на седиштето на Правниот факултет при УКЛО, од Кичево во Битола.

Исто така, со севкупна поддршка и со влог од локалната власт, неопходно е спортот во Битола конечно да се врати на природното ниво. Тука сите сме подеднакво сложни дека за ракометот, фудбалот и кошарката треба да се издвојат доволно финансиски средства, но и клубовите да бидат раководени од луѓе домаќини и луѓе на кои спортот им е длабока љубов.

Одговараќи на прашањето како ги коментира немилите настани  од 27 април, Кирацовски рече:

-Како одговорен човек активно вклучен во политиката и како мошне приземен политичар, немилиот настан на 27 април минатата година го доживеав мошне трезвено и со фокус кон реалната ситуација во која се најдувавме. Сите таму присутни, знаејќи со што и со кого имаме работа, бевме подготвени на секое можно сценарио кое можеше да го смислат политичките опоненти кои не бираа средства.

Во секој случај беше една опасна ситуација во која животот на сите ни висеше на конец и фалеа минути за тоа да се случи.  Денот 27 април 2017 е датум кој секогаш ќе го паметам и раскажувам, борејќи се во иднина против секој симптом и зачеток кој асоцира на таква завршница. Но не жалам за ниту една минута помината во ќошот на прес салата во Собранието, служејќи како мета на разгневените изманипулирани насилници, затоа што повисоката цел, да имаме праведно општество и држава во рацете на граѓаните, е постигната.

Емотивниот наплив беше голем, но кога се впуштате во оваа работа, треба да бидете подготвени на се. Јас и моите сопартијци бевме подготвени, баш на се. Беше немило и поразително чувство да ги гледаш најблиските соработници и претседателот на партијата раскрвавени, а и самиот да си повреден. Во тој момент повеќе чувства ми беа испреплетени, а доминираше гневот, жалта за ситуациајта во која државата беше доведена, заедно со чувството кое ја мотивираше нашата издржливост во борбата кон злото со кое се соочувавме, истакна Кирацовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*