Don't Miss
Home / Вести / Анита Ангелевска поради изјавата за оставка на Мицкоски разрешена од сите партиски функции

Анита Ангелевска поради изјавата за оставка на Мицкоски разрешена од сите партиски функции

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола во целост се оградува од денешната изјава на г-ѓицата Анита Ангелевска, која побара оставка на Претсетаделот на партијата, Христијан Мицкоски.

Поривот и причините за нејзината изјава, сметаме дека се кријат поради неколкуте судски спорови кои се водат против истата, за што веруваме дека притисокот е голем.

Сметаме дека изјавата на г-ѓицата Ангелевска, на која во претходниот период и беа доверени повеќе партиски функции како и советничката функција во Советот на Општина Битола,  е водена строго од личен интерес, под големо влијание на власта, како и судско- партискиот систем на Зоран Заев. Истата, ја упатуваме правдата да ја бара во државните и меѓународните судови, а не очајнички да заработува ситни политички поени пред криминалецот Заев.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, ја разрешува Анита Ангелевска од сите партиски функции кои ги обавува и упатува порака дека нема да бидат толерирани изјави и акти, спротивни на Статутот и Деловникот на партијата, се вели во соопштението на Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*