Антонио Димитровски е новиот претседател на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија. Избран е на редовното изборно собрание на оваа организација што се одржа при крајот на минатиот месец во Дојран.
Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија е единствена организација, односно здружение на фолклорните ансамбли и културно-уметнички друштва во Македонија. СОФАМ е член на најголемиот Сојуз во светот ЦИОФ.
На ова изборно собрание избрани се се сите тела и органи согласно Статутот на СОФАМ. Избран е Управен одбор од 7 члена, Уметнички совет, исто така, од 7 члена и Надзорен одбор од 3 члена.
За претседател на Уметничкиот совет е избран Гоце Саздов, претставник на КУД “Јонче Христовски“ Скопје. За членови на овој совет се избрани Александар Стефановски од КУД “Илинден“ Битола и Валентин Соклевски од КУД “Илинден“ Битола.
Во сите тела и органи има застапеност од сите етно, корео и фолклорни региони од Република Македонија.
Home / Култура / Антонио Димитровски избран за претседател на Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија