Don't Miss
Home / Uncategorized / Апелација ја укина пресудата за Мијалков и Тачи

Апелација ја укина пресудата за Мијалков и Тачи

Портпаролот на скопска апелација, Сафет Кадриу, не можеше да ја потврди информацијата дека второстепениот суд ја укина првостепената пресуда против екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кои добија по три години затвор во предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше за влијание врз одлука на ДИК.

-Одлуката е донесена, но не е напишана. До крајот на неделава ќе излеземе со официјално соопштение – рече Кадриу.

Според неофицијални информации, апелација го враќа предметот на повторно судење поради суштествени повреди на постапката.

Според првостепената пресуда, Мијалков беше осуден на казна затвор од три години, Тачи на затвор од 3 години и два месеца, а останатите тројца поранешни членови на ДИК, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска, беа казнети со по три години затвор. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими доби казна затвор во траење од 4 години и шест месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*