Потпелистерското село Дихово конечно ќе добие нов асфалт.
Деновиве почна асфалтирањето на патот за Дихово во должина од 1200 метри.
За реконструкцијата и асфалтирањето на патот локалната самоуправа на Битола инвестира вкупно 5.640.000 денари , средства од општинскиот буџет.
-Со асфалтирањето на патот за Дихово покрај подобрените услови за локалното население, ќе се овозможи обновено патно поврзување на ова рурално туристичко место со градот, непосредно пред почетокот на летната сезона, кога и раздвиженоста во овој дел е зголемена, како од домашни посетители, така и од странски туристи, велат од општина Битола.