Денеска, по многу очекувања, конечно стигна асфалтот во Мариовското село Зовиќ, кое е едно од најпознатите мариовски села, во кое се наоѓа една од најголемите туристички атракции во Мариовско – камениот или како што го викаат филмскиот мост.
Асфалтот ќе се протега од с. Градешница до познатиот манастир Св. Илија (Брен).
Изградбата на оваа патна делница ќе овозможи ангажирање во туристичкиот сектор на најмалку 3% од маргинализираните групи на жители на регионот (жители на оддалечени рурални средини) во формалната економија преку нивно платено вклучување во креирањето и испораката на туристички услуги за околу 10.000 туристи годишно.
Подобрувањето на патната инфрастртуктура во Мариово, пред се, ќе им овозможи подобро искуство на најмалку 10.000 гости од земјата и странство кои годишно го посетуваат Мариово и селото Зовиќ.
Инаку овој проект се реализира со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
Една од целите на проектот е да се изврши подобрување на патната инфраструктура која е неопходна за развој на туризмот во Мариовско и Пелагонискиот регион.
Вкупната инвестиција чини околу 6 милиони денари.