Don't Miss
Home / Градска хроника / Атрактивен настап на Том Боксер и Морена

Атрактивен настап на Том Боксер и Морена

Изминатиот викенд, традиционално на амбиенталниот Широк сокак по 6.  пат во организација на “Горила продукција”  се одржа музичкиот   настан „Широк Сокак во бело”.

Главни звезди на вечерта беа  романските техно-хаус артисти Том Боксер и Морена, познати по хитовите „Морена”, „Дип ин лов” и многу други.

Нивниот настап  ја крена на нозе  публиката  во Битола која според дрес кодот беше облечена во бели комбинации.

Во настанот беа вклучени речиси сите кафулиња и угостителски објекти на Широк сокак, а публиката се забавуваше до доцна во ноќта.

Влезот на настанот беше бесплатен, а истиот започна нешто по  21 часот.

Во изминатите изданија на “Широк сокак во бело”  настапиле Кирил Џајковски, Џуниор Џек, Хернан Катанео, Дејвид Моралес, Том Нови и уште бројни македонски имиња.

Белата ноќ во Битола во изминатите изданија се покажа како  доста атрактивен музички настан особено за младите битолчани кои ја слушаат и се љубители на  електронската музика.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*