Don't Miss
Home / Вести / АЗНПМ изразува загриженост за пресметувањето на носители на јавни функции со медиумите

АЗНПМ изразува загриженост за пресметувањето на носители на јавни функции со медиумите

Асоцијацијата за заштита на националните печатени медиуми во Maкедонија (АЗНПМ) изрази загриженост од фактот што во последно време станува пракса носители на функции на јавни установи да се пресметуваат јавно со медиуми кои критички ја опсервираат нивната работа, преку соопштение испратено до медиумите.

Последниот пример е со директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците (ИДКНА) Скендер Асани, кој за напис во весникот „Коха“ на тема спомен плоча на Мајка Тереза, на недоличен начин го обвини весникот за поттикнување говор на омраза, односно за антисемитизам.

АЗНПМ смета дека овие обвинувања се крајно неосновани и злонамерни, потсетувајќи дека улогата на медиумите и новинарите во едно демократско општество е да пишуваат слободно и без притисок за теми кои се предмет на јавен интерес. Во таа насока, обврска на функционерите на јавните установи е да бидат транспарентни во нивната работа и да имаат отворена комуникација со медиумите. АЗНПМ истакнува дека доколку Асани смета дека медиумот непрофесионално ја извршил обврската, тој имал право на приговор до медиумските саморегулативни тела, или да го искористи правото на барање демант или исправка.

АЗНПМ под итно бара, како чин на морална одговорност за тешките и неосновани квалификации, директорот на ИДКНА Скендер Асани јавно да се извини на весникот Коха, известувајќи го дека асоцијацијата и медиумите-членки остануваат отворени за соработка во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*