Во Рудникот “ Суводол “ по неколкудневни макотрпни и натчовечки ангажирања на стручните служби во справувањето со последиците од поплавите, кои се случија на 5 и 6 авуст, конечно е оспособен за работа багерот КУ 300.
Најголемиот багер во рудникот КУ 300 е оспособен за работа и веќе ги испорачува првите количини на јаглен од рудникот “Суводол “.
Ова го изјави за “ Нова Македонија “ првиот човек на РЕК “ Битола“ Златко Ќурчиевски.
-Очекуваме багерот КУ 300 комплетно да биде оспособен за работа со сите свои функции во наредните три до четири дена, изјави генералниот директор на РЕК “ Битола “ Златко Ќурчиевски, кој го поздрави ангажирањето на сите вработени во санирањето на последиците од поплавите, кога паднаа од 630 до 650 милиони литри вода и кои предизвикаа големи штети во рудникот “ Суводол“.
Претходно во функција по поплавите беа вратени багерите 323 и 630/1 со претоварниот уред, со што се обезбеди континуираното снабдување со јаглен на термоелектраната.