На 15.02.2023 во СВР Битола, М.Б.(20) од Битола пријави дека на работното место во обложувалница на ул.„Димитар Илиевски Мурато“ во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.02.2023 во СВР Битола, С.Н.(60) од Битола пријавила дека на ул„Филип Втори Македонски“ била касната од куче скитник.
На 15.02.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека во 10.50 часот настанал пожар во деловен објект на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, кој не бил во употреба, сопственост на Д.Ѓ.(70) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат, а повреднеи лица нема. Увид извршила екипа на ОВР Прилеп.
На 15.02.2023 во 13.40 часот во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.Ј.(21) и 17-годишник, двајцата од Прилеп, затоа што кај малолетникот била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ф.Ј., при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2023 населба Пролет во Ресен, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен пронашле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво без жиг и без документи, кое го управувал З.К.(30) од Ресен. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.02.2023 на ул.„Наум Веслиевски“ во Ресен, од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен пронашле патничко возило „дачиа“ со охридски регистарски ознаки натоварено со огревно дрво без документи, кое го управувал Е.Љ.(39) од Ресен. Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
,