По Горан Милевски Битола доби уште еден министер.Тоа е пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска- Стојчевска.
Одлуката Бисера Костадиновска – Стојчевска да биде нова министерка за култура ја соопшти синоќа по поддршката која ја доби новиот мандатар Димитар Ковачевски од партиските тела на СДСМ.
Бисера Костадиновска – Стојчевска е доктор на науки. проф. по англиски јазик на Педагошкиот факултет во Битола.
Таа во изминатиот период беше пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на СДСМ.