Don't Miss
Home / Вести / Битола ќе добие нова детска градинка

Битола ќе добие нова детска градинка

Наскоро Битола ќе добие нова детска градинка, која ќе има капицитет за згрижување на 150 деца, на возраст од 6 месеци до 6 години. Новата детска градинка ќе биде изградена во Нова Битола, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“.

Изградбата на новата детска градинка е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од
предучилишна возраст.

За изградбата на новата детска градинка, Министерството за труд и социјална
политика, во соработка со Општина Битола, на 21 декември ќе организира јавна расправа, која ќе се одржи онлајн, преку интернет-платформата Зум. Основната цел на јавната расправа е да се информираат граѓаните на Битола и засегнатите страни.

Општина Битола неодамна распиша тендер за изградба на детска градинка во АРМ, за чија изградба германската компанија „Кромберг и Шуберт“ веќе донираше 180.000 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*