Don't Miss
Home / Избори 2021 / Битола ќе добие седум нови кружни крстосници

Битола ќе добие седум нови кружни крстосници

Битола ќе прерасне во град по мерка на човекот. Град со квалитетни и напредни сообраќајни и инфраструктурни решенија кој ќе го направат побезбеден, попристапен и поорганизиран.

Ќе бидеме општина подобна за беспрекорно движење на автомобилите, пешаците, велосипедистите и и јавниот превоз.

Ова го изјави кандидатот з аградоначалник на СДСМ, Христијан Кондовски.

Еден од важните проекти во таа насока е изградбата на КРУЖНИ КРСТОСНИЦИ кои имаат значајна функција во поглед на сообраќајната ефикасност и намалување на метежот на улиците.

Најавувам ИЗГРАДБА НА СЕДУМ КРУЖНИ КРСТОСНИЦИ, засновани на веќе направена сообраќајна студија. Истите ќе имаат значаен позитивен импакт врз сообраќајниот тек во градот.

Кружните крстосници ќе бидат изградени на локации на примарната мрежа која ги опфаќа улиците: Довлеџик и Васко Карангелевски, Македонска Фаланга, Прилепска и улица Партизанска.

Овој зафат, исто така, ќе опфати и реконструкција на Булеварот  1 мај.

ДВЕ КРУЖНИ КРСТОСНИЦИ СЕ ПЛАНИРАНИ на улицата 8-ми Септември, од Дулие до границата со Генералниот урбанистички план.

Со тоа ќе се решат влезовите во Стрелиште, Стрежево, Горно Оризари (лево и десно), а ќе се осигура и безбедно преминување на децата кон Подрачното основно училиште Тодор Ангелевски во Горно Оризари.

Рокот за изведба на овој проект е 4 години, а неговата вредност изнесува десет и пол (10.500.000) милиони евра.

Дополнително, преку комплетна студија ќе се нотираат сите инфраструктурни потреби за лицата со попреченост, за потоа да се обезбедат сите сообраќајни пристапи и пристапи до институциите, што за нив се неопходни.

Воедно, најавувам рехабилитација на градскиот коловоз со квалитетни материјали и ефикасна изведба. На улиците ќе се работи и ноќе, кога условите ќе го дозволуваат тоа. Целта е побрза изведба, но без создавање метеж.

На крај, ветувам обележување на сообраќајните површини со хоризонтална, вертикална и светлосна сигнализација и поставување на урбана опрема преку воведување на модел на катастар на сообраќајна сигнализација.

Ова се најдобрите сообраќајни проекти и најдоброто за Битола и битолчани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*