Don't Miss
Home / Вести / Битола доби современ Расадник за цвеќиња

Битола доби современ Расадник за цвеќиња

           

По повод 22 април, денот на планетата Земја, чиј фокус годинава е ставен на реставрација на планетата, односно обнова и почетоци на нов циклус, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети расадникот на ЈП „Комуналец“ во Битола, каде што од минатата година започна нов циклус на производство на сопствен расад на цвеќиња.

Директорот Панде Богоевски објасни дека од локација која практично беше претворена во руина, денес расадникот има 8 големи пластеници, во кои се засадуваат и одгледуваат цвеќиња, со специјално затоплување и сопствено наводнување со прскачи. 

Оваа пролет во расадникот се произведени 30.000 садници, што е речиси двојно зголемен број за разлика од минатата година, посочи Никола Дамески советник за градско и вонградско зеленило, а потоа ќе следува засадувањето на есенскиот расад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*