Don't Miss
Home / Вести / Битола го доби првото кабаре

Битола го доби првото кабаре

 Во Битола е отворено првото ноќно кабаре.

На отворањето на  Кабарето учествуваа преку  30 актери, пејачи и танчер(к)и  Церемонијал мајстор беше актерот Жарко Димоски, а на сцената го придружуваа Александар Тарабунов, Калина Велковска, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева и Христина Јовановска. Кореографијата на танчерите ја осмисли Илија Кардакоски, а костумите на сите учесници ги дизајнираше модниот креатор Андреј Папаз.

– Со Кабарето го отворивме комплексот Голд Фелиција, кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува“, вели Димитар Андоновски, музички директор на проектот.

Инаку Кабарето се наоѓа во некогашниот реномиран ресторан Фелиција, кој е целосно реновиран.

 Во истиот двор на  Кабарето се наоѓа и  Славјанскиот универзитет Г.Р. Державин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*