Утре во Битола свечено ќе биде отворено годинешното 42. а прво хибридно издание на ИФФК „Браќа Манаки”
Свеченото отворање на фестивалот поради пандемијата наместо во Центарот за култура ќе се случи на отворено, во Пациото на Заводот и Музеј Битола, каде отворањето ќе можат ограничен број гледачи.
Фестивалот ќе се одржува согласно протоколите за заштита од ковид 19.
-Многу водиме сметка на тоа протоколите да бидат почитувани, да бидеме во согласност со она што го објавија и ќе го објавуваат од Комисијата за заразни болести, значи секаде во затворени простории 30 отсто на капацитет, заради тоа имаме и намалена публика годинава за отворањето.
Голем е интересот за присуство на отворањето на фстивалот но ние не можеме сите да ги пуштиме, 50 отсто на отворено, маски се носат, сертификати мора да се покажат на врата, ќе имаме редарска служба која ќе ги чита.
Мене ми е жал но таков е законот, казните се многу големи ние не можеме да си дозволиме да правиме нешто што не е легално во овај момент, ниту пака во било кој друг момент, изјави на еден ден пред отворањето на фестивалот, директорот Симеон Дамевски.
Инаку свеченото отворање на “Браќа Манаки “ ќе биде со проекција на филмот “ Сестри”.
-ИФФК „Брака Манаки” не е мал играч на полето на филмски фестивали. Пандемијата ги направи работите тешки за организирање, но под мотото „И покрај се” годинава сепак фестивалот на филмска камера „Брака Манаки”. ќе се одржи.
Поради пандемијата програмата на фестивалот годинава е скратена и содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови, истакнува директорот на ИФФК „Брака Манаки”, Симеон Дамевски.
Инаку годинава добитник на највисокото признание на фестивалот „Златна камера 300” за животен опус е австрискиот кинематографер Кристијан Берген, кој е познат по неговиот систем на осветлување кој е негов изум и кој ке биде презентиран на Фестивалот, а Андреј Кончаловски е годинешен лауреат на специјалната награда „Камера 300”.
Годинешен добитник на наградата „Голема звезда на македонскиот филм” на Друштвото на филмски работници на Македонија е Северџан Бајрам.
Програмата годинава на фестивалот е скратена и содржи 10 долгометражни филмови и 10 кратки филмови, На фестивалот „Браќа Манаки” во офф-програмата ќе биде претставена и приватната фонотека на Петар Ставрев и Сашо Ставрев.
Селекцијата се состои од претежно европски, иако има филмови и од Иран и Перу, од релативно непознати до филмови што биле на големите филмски фестивали.
Еден од тие е и домашниот “Северен пол”, на Марија Апчевска – единствениот македонски филм што бил дел од официјалната конкуренција на филмскиот фестивал во Кан.