Don't Miss
Home / Вести / Битолчани гневни: Кривични санкции за организаторот на концертот на Петар Грашо

Битолчани гневни: Кривични санкции за организаторот на концертот на Петар Грашо

         

          Битолчани се гневни. Тие денеска постојано се јавуваат во нашата редакција со барање докрај да се испита кој бил организатор на концертот на Петар Грашо во Хераклеја и против него да се покренат сите законски мерки па и за кривична опдговорност.

          Гневни на организаторот на концертот се и дел од тие кои купиле влезници и кога виделе колку публика е собрана на Хераклеја и уште пред да почне концертот загрижени за своето здравје го напуштиле амфитеатарот.

Битолчнаи бараат одговорност и од Заводот и Музеј Битола, која дозволи да се одржи концертот надвор од сите здравствени протоколи и што не го прекина истиот.

Организаторот на концертот си поигра со здрвајето на битолчани.

Многумина велат дека тој си поигра руски рулет со битолчани.

Тие се прашуваат кој ќе сноси одговорност доколку се случи кластер “ Хераклеја “ Затоа тие бараат овој случај да се испита до крај и сите кои ги прекршиле протоколи и учествувале во истите да сносат одговорност.

Тој пушти во продажба многу повеќе отколку што е предвидено со новите здравствени протоколи, со кои на Хераклеја е дозволено да има најмногу до 600 лица.

Дел од битолската јавност бара во расчистувањето на случајот да се ангажира и Општината Битола, која го поддржа концертот на Грашо и која не смее да се крие зад флоскулите дека тоа била работа на организаторот и дека општината Битола нема ништо со тоа.

Во Битола се гневни и на Министерството за здравство  и Комисијата за заразни болести кои не дозволуваат одржување на свабди, венчавки, крштевки, одигрување на фудбалски натпревари со публика, а дозволуваат одржување на концерти на пеачи, на кои им е забарнето да пеат во нивните држави.

Битола стана последната станица каде тие пеачи можат да настапуваат и за тоа ја имаат поддршката на Општината, која финансиски ги помага концертите.

М.М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*