Don't Miss
Home / Вести / Битолски весник е култен весник

Битолски весник е култен весник

                           

Панде Манојлов, новинар и писател за јубилејот на Битолски весник вели.

Битолски весник  е култен весник кој наполнува цели 56 години од неговото постоење.

Култен весник, затоа што таков бил и таков остана – белег на градот Битола, весник кој и ден денес се чува во домашните архиви дури од првиот број, весник кој се читал од битолчани во Битола и битолчани кои живееле во Австралиите, Америките, во Јужно Африканската Република, во Германија или Шведска, весник кој со радост се читал, весник кој се нашол в рака на последниот пајтонџија кога дал душа на Бога во еден ладен град во Шведска… Весник на кој со децении битолчани му се радуваат на неговото читање и препрочитување, весник купуван, уште на времето и за читање, но и  за негова лустрација од страна на странски известителни служби, весник кој со реката објавени текстови на неговите страници и денес тече како буица во жилите на битолчани…

Но кога се зборува за Битолски весник мора да се спомене и огромниот придонес за неговото опстојување што го даде и сеуште го дава, Менде Младеновски, кој е еден и единствен, не само како менаџер на Весникот, туку и како новинар, со свој специфицен новинарски стил, со свој препознатлив новинарски имиџ, не само во сегашна Република Македонија, туку  и во поранешните југословенски простори.

Доколку не беше  Менде Младеновски, чија љубов кон  Битолски весник  е немерлива, Весникот сигурно ќе згаснеше.

 Менде Младеновски има имиџ на новинар кој никогаш не се плашел од она што го напишал, туку храбро останувал да го брани својот став, дека тоа што го напишал  е така и дека тоа е негово убедување, макар, потоа, по објавеното, одел на расправи по комитети, оние на некогашниот на Сојуз на комунистите, на Социјалистичкиот сојуз, на денешниве позициски или опозициски комитети, или по судови, без разлика дали биле некогашните општински или окружни или денешниве судови без разлика дали тие се основни или виши…

          Новинар дописник на белградските весници „Политика”, “ Илустрована политика “ „Журнал”,  “ хрватските дневни весници “Спортске новости” и „Вечерни лист”, сараевските ревијални весници “Уна”, “Сан”, СОС”  неделникот  „Фокус”, Пулс, СКОК, Дневник, Нова Македонија… Новинар кој пишувал со еднаков жар и новинарски сенс и за политиката и за спортот…

          Новинар кој откривал и пишувал за афери кога сите молчеа…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*