Битолски весник вчера го издаде својот 2.900 број.
Зад најстариот локален печатен медиум во Македонија се 2900 броја, испечатени во 2.900 недели.
Тоа е голем успех за редакцијата на Битолски весник, која остана верна на традицијата да го одржи Весникот.
И покрај тоа што во годината која за неколку часа ке стане минато Битолски весник се соочуваше со огромен број проблеми, покрај со пандемијата и со финансии, сепак малата, но одбрана екипа на Битолски весник со голем ентузијзам успеа редовно да го печати Весникот, без никаков прекин.
Ниту пандемијата, ниту секнувањето на некои извори на финансирање, нити разните игри и подметнувања не не спречија да го одржиме Битолски весник.
Во 2020 година и покрај коронавирусот, ја одржавме 21 по ред манифестација на Битолски весник “ Избираме најуспешн битолчани “ и да ги доделиме признанијата на најуспешните битолчани кои со своите резултати ја одбелжааа годината која наскоро изминува.
Во 2020 година, покрај тоа што го одржавме Весникот, ја (д)одржавме Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани “, пред крајот на годината Битолски весник, комплетен од 1 до 16 страница почна да излегува во електронска форма и можат да го читаат сите битолчани на земјината топка.
Наскоро, веднаш по Новата година, уште во месец јануари, Битолски весник заедно со Радио Б -97 подготвува ново пријатно изненадување за своите читатели и слушатели.
Наскоро Битолски весник на медиумскиот простор во градот ќе промовира нов медиусмки производ, кој ќе преставува освежување не само на медиумскиот простор во Битола и Македонија, туку и пошироко.
Подготовките за новиот медиумски производ, кои се одвиваат веќе подолго време се при крај. Опремата е веќе набавена. При крај е изработката на софтверот, кој ќе го користат техничарите, новинарите, репортерите и дописниците. Ви тек е избирот на екипата која ќе работи во новиот медиум.
Остануваат да се завршат уште некои детали.
Нашето мото е секогаш ПРОСТУМ и во нови предизвици.
Битолски весник е како Пиреј. Тој опстојува и тогаш кога сите мислат дека му дојде крајот.
Со желба за добро здравје, лична среќа и исполнување на сите животни соништа Битолски весник и Радио Б -97 им ја честитаат Новата 2021 година на своите читатели и слушатели.