Don't Miss
Home / Вести / Битолски весник го отпечати три илјадиот број

Битолски весник го отпечати три илјадиот број

      

        Битолски весник, најстариот локален печатен медиум во државата, кој континуирано излегува цели 59 години  одбележа уште еден нов  рекорд во своето над пет децениско постоење

        Битолски весник го издаде  3.000-от  по ред број. Тоа е своевиден рекорд на неделните печатени весници, со каков не може да се пофали ниту еден друг неделен  весник  не само во Битола туку и Македонија.

Вкупно 3.000 недели по ред Битолски весник секогаш бил во рацете на читателите.

        Тој не престанал да излегува дури ни тогаш кога сите го прежалиле или отпишале, па дури ни за време на пандемијата  од Ковид 19, кога буквално една година застана животот не само во Битола, туку и во светот.

         Битолски весник стигна до читателите дури и тогаш кога цела редакција беше во изолација и се бореше  со Ковидот.

        Тоа е најдобра потврда  за вредноста на Битолски весник, за кој многумина велат дека е Светилник на Битолското и Македонското печатено новинарство и колективна меморија на Битола.

 За разлика од останатите локални печатени медиуми, кои, за жал, не преживеаја на македонскиот медиумски простор и поради недостигот на финансиски средства за нормално излегување  згаснаа,  Битолски весник е единствениот локален  весник во Република Македонија којшто успешно опстојува  досега и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на останатите печатени локални медиуми.

        Само за илустрација да наведеме дека поради недостиг на средства  веќе неколку децении не излегуваат локалните весници со долгогодишна традиција: Народен глас од Прилеп, Наш весник -Куманово, Полог – Тетово, Вардарски глас – Велес, Преспански весник- Ресен, Езерски глас – Охрид, Штипски весник -Штип, Актуелности – Кочани…

        Тешките пазарни услови на стопанисување, особено во печатениот медиумски простор во изминатите години не го преживеаја ни неделнците Млад борец, Студентски збор, Дело,Старт, “Денес”, Зум, Национал,”Неделно време”, “ Сега”   Пулс, Екран, Остен, Скок, Република, Жена. …

        Колку е тешко да се одржи весник најдобро зборува податокот што  пред неколку години згаснаа и дневните весници, “Македонија денес”, “Време”,  “Тројка ““Дневник”, Утрински весник, Вест, Шпиц. Независен…

        Битолски весник в година на 29 април, 2023 година ќе го одбележи својот редок јубилеј 60 години од излегувањето на првиот број.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*