Don't Miss
Home / Вести / Битолски весник отвори Радио – инетернет телевизија Б 97 Битола

Битолски весник отвори Радио – инетернет телевизија Б 97 Битола

Најстариот локален весник во државата Битолски весник, кој постои повеќе од 58 години заедно со Радио Б -97 отвори радио – интернет телевизија „Б -97 Битола“.
Во настојувањето да ги следи трендовите во дигиталната медиумска технологија, Битолски весник во просториите на комерцијалното Радио Б -97, чиј основач исто така е Битолски весник, отвори интернет радио телевизија.
Новата радио интернет телевизија со програма почна во саботата на 10 јули.
Телевизијата во употреба ја пушти сопственикот на Битолски весник, Менде Младеновски.


– Со отворањето на радио-интернет телевизијата Битолски весник ги заокружи сите свои инвестициски планови. Иако пандмеијата и те како многу не погоди сепак ние решивме да инвестираме, затоа што добро знаеме дека во време на кризи вреди да се инвестира.
Во Битола, која некогаш имаше 4 локални телевизии, а сега е само една, ТВ Тера, одлучивме да отвориме нов медиум, радио-интернерт телевизија.
Свесни сме дека нема да ни биде лесно, но нам никогаш не ни било лесно.
Со отворањето на телевизијата сакаме да го вратиме новинарството во професионалните медиумски институции, а не како што е сега тоа да се сведе само на фејсбук информирање или информирање од кујната на разни портали кои никнуваат како печурки по дожд и кои едноставно копираат туѓи вести или без никакви критериуми и стандарди преземаат вести од фејсбук-профилите на „соговорниците“, кои на своите профили си објавуваат само што тие сакаат да се објави.
Во програмата на телевизијата ќе има информации од сите области, градски теми, интервјуа, репортажи, дебати, соочувања…
Посебно внимание ќе ѝ биде посветено на утринската програма во која во студиото ќе дефилираат обични луѓе кои ќе зборуваат за пулсирањето на градот – истакна во своето обраќање Менде Младеновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*