По одложувањето на Манифестацијата на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани “, редакцијата на Весникот е во постојан контакт со Министерството за здравство и министерот Венко Филипче.
Во денешниот телефонски разговор со министерот Филипче ни беше речено дека состојбата со корона вирусот во Македонија е под контрола и дека нема нови заболени лица.
Во добра здравствена состојба е засега единствената жена која е изолирана и дека нејзината здрвствена состојба се подобрува.
Што се однесува до одржувањето на Манифестацијата нејзиното отжување ќе зависи пред се од тоа кога ќе биде симната препораката.
Засега се во игра два термини.
Едниот е доколку забраната биде симната на 6 март, истата да се одржи истата вечер, а доколку препораките се пролонгираат Манифестацијата ќе се одржи оној момент кога истите ќе бидат укинати.
Сите оние битолчани, кои имаат набавено влезници и добитниците на признанијата навреме ке бидат информирани за денот на нејзиното одржување.