Од 1 септември, Битолски весник стартува со голема акција за претплата на Весникот.
Битолски весник стартува со амбициозен план за претплата на 5.000 битолчани на весникот. За сите оние кои до 30 септември ќе се претплатат на Битолски весник, Битолски весник им нуди попуст до 30 отсто.
По 50 изминати години дојде време повторно за судбината на Битолски весник да одлучуваат битолчани и читателите на весникот, а не поединци.
Со оваа голема акција на Битолски весник ги повикуваме сите битолчани, фирми, занаетчиски дуќани, мали компании, акционерски друштва, приватници да се претплатат на Битолски весник и на тој начин да се вклучат во оваа голема акција.
Со претплата на 5.000 битолчани, Битолски весник не само што ќе ја обезбеди својата иднина, туку ќе биде независен весник, таков каков што го замислуваат и сакаат битолчани.
Со овој јавен повик воедно ги повикуваме битолчани, особено нашите читатели, Весникот да им биде јавна трибина.
Во иднина на страниците на Битолски весник во рубриката “Форум” и “Писма на читатели” нашите читатели ќе можат да објавуваат свои текстови, писма, сугестии, критики, пофалби, коментари.
Бидете претплатени на Битолски весник.
Со вашата претплата вие не само што ќе го добивате Битолски весник на својата домашна адреса, туку ја гарантирате и судбината на најстариот локален печатен медиум во Републиката.
Tagged with: битолски весник во секој дом граѓани