За населбата над болницата “ Плодност “ велат дека е во најмала рака битолско “ Водно “.
Но иако на тој дел од Битола се изградени без конкуренција најубавите и најскапите индивидуални станбени објекти, сепак според жителите на тој дел од Битола немаат апсолутно никакви услови за нормален живот.
Искорнет асфалт, раскопана улица која се дави во кал.
Тоа е сликата која денеска ја забележавме на овој дел од Битола, каде квадратниот метар земјишти стигна до 100 евра за м2.
Тоа што најмногу ги нервира жителите од таа улица е што откако беше интервенирано во градбата на водоводната мрежа улицата остана ископана и досега од локланата самоуправа не е направено ништо улицата каде има доста движење на автомобили да се асфалтира.
Жителите од овој дел на градот се прашуваат зарем е можно Битола која се фали дека има каса да нема пари да ја изгради и асфалтира улицата која нема ни 200 метри.
Најлошо од се е што сето тоа го гледаат голем број грагани кои од другите градови доаѓаа на преглед во болницата “ Плодност “, кои не можат да се изначудат на тоа дека во Битола во 21 век има сеуште улици во кал.