Со почитување на сите протоколи од Министерството за здравство денеска во амфитеатарот на Славјанскиот универзитет “ Гаврило Романовиќ Державин“ во Битола, беше врачена наградата за новинарсто на Битолски весник “ Тоде Петревски “, која 16 години посмртно се доделува во чест на покојниот новинар на Радио Скопје од Битола, Тоде Петревски, кој почина на 30 мај 2004 година.
Гоиднава добитник на наградата е познатиот битолски карикатурист, Блаже Докуле, кој за д себе има 50 годишна успешна кариера во областа на карикатурата.
Карикатуристот Блаже Докуле, е доајен на битолските и македонските карикатуристи, кој зад себе има извонредна пет децениска кариера.
Роден е 1953 година во Битола. Има завршено правен факултет.
Во изминатите речиси 50 години кариера како карикатурист соработувал со бројни специјалзирани сатирично – хумористични весници, како што се белградски “Јеж “и словенечката “Павлиха“.
Бил постојан, или повремен соработник како карикатурист во весниците Нова Македонија, Вечер, Екран, Остен, Дело, Република, Комунист Трудбеник, Битолски весник, детските веснци Наш Свет, Развигорче, Борба и Насмевка.
Тој е еден од ретките карикатуристи кој сеуште е активен и соработука со бројни печатени медиуми. Сепак во својата кариера најдолго се задржал во Битолски весник каде постојана соработува цели 40 години и веќе неколку децении има постојана страница “Хумор и Сатира“, која со многу голема љубов и професионализам ја уредува.
Во својата богата кариера нацртал над 50 илјади карикатури, цртежи, илустрации, стрипови. Покрај тоа што се занимава со цртање карикатури тој пишува афоризми, епиграми, хуморески, колумни.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.
Досега има освоено над 50 награди и учествувал во над 200 меѓународни и домашни фестивали на карикатурата.
Од најголемиот број би ги наброиле.
Во 2011 година стана добитник на наградата за новинарство на Битолски весник на Манифестацијата “ Најуспешни битолчани “, а во 2013 година го доби и Општинското признание 4 Ноември.
Во својата богата и исклучителна кариера, во 2017 година стана добитник на наградата на Јужна Кореја “Бронзена плаката“.
Во 2018 година го освои признанието на Остен карикатурист на годината.
Според неговата евиденциај има освоено 10 награди на Јужна Кореја, 11 на фестивалот во Струмица, 9 награди на хумористичниот весник Остен, Хуриет, Турција.
Наградата во присуство на потесното семејство на Тоде Петревски и неговите поддржувачи му ја врачи главниот уредник на Битолски весник Менде Младеновски.
Во своето обраќање пред присутните Младеновски се задржа на тешките состојби со кои се соочуваат медиумите во Битола и Македонија, особено по пандемијата со коронавирусот, кога најголемиот број од рекламерите ги откажаа своите рекламни услуги и побара Владата да се заложи за соодветна помош на медиумите, но и за почитување на достоинството на новинарската професија, која се наоѓа во речиси безнадежна и коматозна состојба.