Don't Miss
Home / Вести / Болницата “ Мала Богородица“ станува ковид болница

Болницата “ Мала Богородица“ станува ковид болница

Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вечерва беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство.

Ова е втор состанок, на кој одлучиле одлучувале околу начинот на кој приватните болници ќе се вклучат со лекување на пациенти заразени со Ковид-19.

Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19.

Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите кои ги имаат.

Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.

Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници.

Трошоците за лекување нема да ги сносат граѓаните кои ќе се лекуваат таму, појасни министерот Венко Филипче, по средбата со сопствениците на болниците, а беше вклучен во живо во вестите на Сител.

Тие пак, од своја страна потврдија дека целосно се ставаат на располагање на државата односно на Министерството за здравство и ќе излезат во пресрет со кадар и материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*