Don't Miss
Home / Вести / Брачна двојка од Битола инфицирана во Занзибар

Брачна двојка од Битола инфицирана во Занзибар

                       

            Брачна двојка од Битола, кога се вратиле  од Занзибар се пожалиле на инфицираност од корина вирус.

Станува збор за познати битолчани, од кои сопругот е на 65 годишна возраст, инаку познат  битолски стопанственик, сопственик на салон за намештај.

            Најпрво симптомите ги пријавил уште кога биле на одмор во Занзибар, Танзанија заедно со сопругата. Од понеделникот  тој е хоспитализиран на нефролошкото одделение во Струга, бидејќи вредностите на бубрежните оштетувања му биле високи, додека неговата сопруга е хоспитализирана во Скопје.

Дали 65-годишниот битолчанец го носи јужноафриканскиот сој ќе се чека од МАНУ, каде утре ќе се прави типизација, а резултатите се очекуваат за два дена. Пациентот засега е изолиран во посебна болничка соба, но докторите од струшката болница чекаат одговор од ГОБ 8-ми септември во Скопје дали ќе има место за пациентот да биде примен.

Брачната двојка во Занзибар биле преку една туристичка агенција која  аранжманите  ги нуди по цена  1.000 евра, а за кое патување не треба негативен тест за вирусот.

Петнаесет дена престојувал во Занзибар, а последните два дена имал симптоми, кои се суспектни за Ковид 19. Пациентот сега е стабилен. Афебрилен е моментално. Рентгенски има една почетна состојба на бронхопневмонија еднострано. Има покачен цр протеин кој е маркерна инфекција. Температура за сега нема. Изолиран е. Дијализа сѐ уште немаме започнато“, рече Ацо Попоски-директор на Центар за дијализа Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*