Don't Miss
Home / Вести / Чествување по повод Илинден во Битола

Чествување по повод Илинден во Битола

            Со полагање на букети свежи цвекиња пред спомениците на Илинденците и борците од НОВ и Револуцијата, Битола го одбележа големиот македонски празник Илинден.

Чествувањата  започнаа пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“.

 Во отсуство на градоначалничката Наташа Петровска, свежо цвеќе во нивна чест, положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.

Пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката на Општина Битола, Емилија Костурски, претставници од Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци од Битола, претставници од политичките партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и останати здруженија.

По повод чествувањето на овој голем празник со двојно историско значење за државата, заменик градоначалничката Емилија Костурски истакна:

-Со чест и гордост ги продолжуваме традициите на нашите предци, а на нашите наследници им порачуваме: Почитувајте го делото на носителите на двата Илиндена, Илинден 1903 и Илинден 1944  и на сите кои ги дадоа животите за нашата слобода, итакна Костурска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*