Пред 4 децении почина Јосип Броз Тито, борец на отпорот против фашизмот и поранешен шеф на државата Југославија. Со тоа започна и распадот на земјата. Денес тој повеќе не нуди ориентација, смета Норберт Мапес-Нидик.
Датумот цела една генерација го памти како една подоцнежна 11 септември: 4.мај 1980 година, недела, кога на телевизија беше објавена веста за смртта на Тито. Во Сплит играше домаќинот Хајдук против Црвена ѕвезда од Белград кога во 41-та минута преку разгласот нѐ стаса веста. Десетици илјади луѓе плачеа, еден играч колабираше. Спонтано 50 илјади лица се распеаја во еден глас: „Друже Тито, ми ти се кунемо…”