Компамнијата Адора инженеринг го сели бизнисот од Македонија во Србија и Грција.Причината, како што вели генералниот директор, Ванчо Чифлиганец, е неповолната клима во Македонија.
„Додека во Македцонија не се создаде поволна клима во градежништвото, Адфора инженеринг ќе работи надвор од границите на земјата“, вели Чифлиганец, додавајќи дека една од причините за преселување е и неможноста за градење во скопската општина Центар во која постои мораториум за изградба на нови објекти.
Адора веќе има компанија во Србија која во моментов гради на Златибор елитен стамнбено-бизнис комплекс од 7.000 квадратни метри.
Чифлиганец вели дека целиот комплекс ќе работи во склоп на хотелот, со кој ќе управува новата компанија Адора Хоспиталити Груп.
Тој исто така открил дека компанијата работи на два проекти во Грција, од кои еден на Халкидики. Тука се веќе изградени апартмани за продажба, а оваа година ќе се покрене и проект на островот Тасос каде ќе се изградат две станбени згради, при што дел од станбените единици ќе бидат наменети за издавање, а дел ќе бидат на продажба.