Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми се новите членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка. Како што соопштуваат од Дирекцијата за управување и информирање двајцата биле избрани за членови во текот на вчерашниот ден.
„На 14 јуни, 2018 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје одржаа Собрание. На Собранието за членови на Надзорниот одбор на Банката беа избрани Ванчо Чифлиганец и Фатмир Етеми”, соопштуваат од банката.