Ин мемориам
Мирослав Наумовски – Лав
Денескарано изутрина во Скопје, по кратко боледување, почина доајенот на македонското спортско новинарство Мирослав Наумовски – Лав.
Наумовски патот кон спортското новинарство го мина најпрво и како активен спортист, Член беше на првата ракометна генерација на РК Вардар притоа со настапи и за младинската репрезентација на Македонија во рамките на поранесна СФРЈ.
Со македонската репрезентација станал пионерски првак на поранешна СФРЈ. Во 1962 година е прв на младинското првенство на СФРЈ, а во 1965 година и национален првак во младинска конкуренција.
Бил дел и од младинската репрезентација на СФРЈ (заедно со генерацијата на Поповик, Прибаник, Покрајац, Каралик).
Не можејки да се оддели од спортот потоа се етаблираше како едно од најпрепознатливите имиња во македонското спортско новинарство целиот работен век минувајки го во НИП Нова Македонија, а известувајки од ЛОИ 1974, 2000 и 2004, од ЗОИ 1984 и 1988, од три СП во кошарка, осум ЕП во различни спортови, универзијади, медитерански игри, балканијади.
На иницијатива на Наумоски низ првите години на независна Македонија беше формиран првиот спортски магазин во Македонија, „Скок” а потоа тој беше и прв главен уредник на дневниот спортски весник “Скок“ и негов главен и одговорен уредник.
Беше иницијаторот и најзаслужниот што по долги години пауза во деведесеттите години од минатиот век повторно се возобнови Охридскиот пливачки маратон.
Заедно со Васил Тупурковски, го основаат Македонскиот олимписки комитет (МОК) и станува цлен на Собранието на МОК, на Управниот одбор на МОК и Претседател на МОК Маркетинг, каде и ги минува последните години од својата кариера.
Мирослав Наумовски – Лав беше голем пријател на Битолски весник и мој уредник и пријател.
Збогум голем пријателе.
Беше голем спортист, гоелм новиар, уште поголе уредник и мој голем пријател.
Вечна ти слава.
Почивај во мир
Од Менде Младеновски