И два дена по одржувањето на концертот на Петар Грашо на Хераклеја, каде беа прекршени сите здравствени протоколи освем јавноста надлежните државни и локални институции молчат.
Јавноста сеуште не знае кој бил организатор на концертот, колку влезници пуштил во продажба, кои му биле спонзори, кои покровители, кои институции стојат за организацијатана концертот и редица други прашања.
Молчат и од Општината Битола, кои како поддржувачи на концертот сигурно знаат кој истиот го организраше.
Засега во јавноста не се огласуваат ни државниот инспекторат ни од Заводот и Музеј Битола кои стопансиуваат со Хераклеја.
Ваквото молчење не само шо е бегање од одговорноста туку во најмала рака е сооучесништво во спорниот настан кој може да го доведе во прашање здравјето на присутните.
Затоа мора надлежните да се јават во јавноста и на битолчани да им дадат одговори на сите отворени прашања.
Во спротивно и тие треба да сносат санкции.