Денеска во Битола престојуваа вицепремиерката, Мила Царовска и директоротна Агенцијата за млади и спорт Деан Каевски.
Тие, придружувани од градоначалничката на Битола Наташа Петровска и кандидатие за пратеници на СДСМ од Битола, направија обиколка на изведбените работи за изградба на затворениот пливачки базен во ОУ “Даме Груев“ и кугланата, која се гради во спортската сала “Боро Чурлевски“, како и реновирањето на Офицерскиот дом.
-Интенција како Влада ни е да инвестираме во локален и регионален развој, со што се придвижува локалната и регионалната економија. Овие објекти, нивното одржување, пласирање, создавање на историја за нивното минато, може да привлече и домашни и меѓународни туристи кои понатаму ќе ја придвижат економијата локално, рече вицепремиерката Мила Царовска. која притоа нагласи дека за реновирањето на домот се вложени 58 милиони денари (околу 950 илјади евра) обезбедени од Светска банка, во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата, а Општината Битола обезбеди 2 милиони денари (околу 33 илјади евра) дополнително за изградба на канализациона мрежа.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во придружба на својот домаќин, градоначалникот на Битола Наташа Петровска, изврши увид во изградбата на два спортски објекти во овој град. Станува збор за нов затворен пливачки базен кој е лоциран во дворот на основното училиште „Даме Груев“ и нова куглана која е сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Задоволен сум од динамиката на изградбата на базенот, како и на кугланата во Битола која исто така е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт, истакна директорот Каевски. Двата спортски објекти се градат со високи стандарди, а кугланата дополнително ќе биде лиценцирана и за меѓународни натпревари, беше посочено за време на денешниот увид во изградбата на објектите во Битола.
-Општина Битола сериозно ги помести
условите за спортистите и рекреативците во градот. Пливачкиот базен ќе го
користат учениците, но и рекреативците. Нашата поддршка ќе продолжи и кон
спортските клубови за кои досега сме исплатиле 1,3 милиони евра, а ако кон тоа
се додаде и вложувањата во објектите, тогаш се доаѓа до сума од близу четири
милиони евра за спортот во Битола со што оваа локална самоуправа покажа дека
сериозно ја поддржува оваа област, рече меѓу другото градоначалничката на Битола,
Наташа Петровска.