Don't Miss
Home / Вести / Царовска во Битола

Царовска во Битола

Дали учениците ќе се вратат во клупите од септември зависи од епидемиолошката состојба, истакна денеска во Битола министерката за образование, Мила Царовска. Рече дека во наредниот период ќе бидат разгледувани сите параметри.

– Заедно со премиерот и министерот за здравство сме во постојана комуникација во врска со враќањето на учениците на 1 септември во училиштата. Сите ние имаме една иста желба, а тоа е во септември да ги видиме училишните дворови полни со детски насмевки. Во оваа пандемија не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме. Сепак сите параметри ќе бидат разгледувани во наредните неколку недели и ќе имаме одлука многу скоро. Веднаш штом имаме официјална одлука ќе ја споделиме со јавноста, затоа што ако сега кој и да е од нас изнесува информации кои не се потврдени и договорени ќе се смета за шпекулација, а сметам дека ниту една надлежна инстиитуција или ресорен министер не смее да шири шпекулации и невистини, рече Царовска.

Што се однесува за новите реформи во образованието, таа вели дека сите процеси поврзани со новата концепција се спроведуваат во аддените рокови. Запрашана за коментар за најавеното собирање потписи за референдумско изјаснување за реформите, таа не сакаше да коментира.

– Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и Устав од страна на министер се повеќе од неумесни, што значи дека коментар на тоа нема да дадам. До каде се реформите во образованието, моја обврска е да одговорам. сите процеси зацртани согласно планот за реализација на новата концепција за основно образование се спроведуваат во дадените рокови. Тоа укажува дека концепцијата е донесена, наставните програми за прво и четврто одделение донесени и објавени, повик за пишување наставни материјали, материјали за учење за прво одделение подготвени во прва тема, и следуваат другите теми, веќе си оди цел систем на илустратори, автори, подготвувачи на материјалите за да може да влезат во печатење. Истото се однесува за четврто одделение, селекцијата на автори беше направена во текот на оваа недела и продолжуваат да пишуваат. Исто така повиците за компании кои треба да ги дигитализираат дел од содржините е веќе јавно достапен и селекцијата треба веќе да се случи, рече Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*