Утревечер во Големата сала на Центарот за култура познатите битолски и македонски естрадни уметници, Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов со голем целовечерен концерт ќе одбележат 50 години творештво.
Концертот се одржува во склоп на прославата на 43-от роденден, Центарот за култура. Инструментална придружба на Дамјановска – Јанчевска и Бајрамов ке биде Камерниот оркестар на Битола.
На концертот ќе бидат изведени само мал број на композиции од богатиот репертоар на Билјана и Сефедин. Тие ќе испеат по 8 песни и една заедничка песна. Редоследот ке биде хронолошки, почнувајки од дебито на Скопскиот фестивал до последните нумери од Фестивалот на “Ах таа серенаде”.
Освен 16-те свои песни тие ќе ја изведат и песната „Родителска љубов”
Концертот на Билјана Дамјановска- Јанчевска и Сефедин Бајрамов ќе се одржи во склоп на прославата на 43-от роденден на Центарот за култура – Битола, кој во последно време широко ги отвара вратите за големиот заеднички концерт на двајцата еминентни естрадни уметници, кои имаат огромен уметнички опус зад себе и направиле голем печат на битолската и македонската музичка сцена.
-Јас навистина се радувам што прославата на 43-от роденден на Центарот за култура симболично ја поврзуваме со едно 50 годишно творење и оставање на траен белег на македонската музичка сцена, така што можам да кажам дека нивниот опус е постар дури од нашата зграда на Центар за култура, во која што ке се случи концертот, истакна Маја Андоновски – Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола.
Инаку другарувањето на Билјана Дамјановска- Јанчевска и Сефедин Бајрамов датира од многу одамна и е базирано на искрено професионално и приватно дружење.
-Овој концерт ми предизвикува и некоја мала возбуда, бидејќи е многу специфично и значајно да направиш концерт да биде масовен во градот во кој егзистираш. Се надевам дека ние двацата сме си оставиле доволно кредибилитет и авторитет во овој град за четврток Големата сала на Центарот за култура да биде исполнета до последното место, рече на прес конференцијата Сефедин Бајрамов.
Обраќајки им се на присутните на прес конференцијата Билјана Дамјановска – Јанчевска истакна:
-За овој концерт многу години наназад дискутиравме. Освен 16-те песни тука е и песната „Родителска љубов” со која сакавме да се одолжиме на нашите родители кои веке не се меѓу нас, за да не слушнат како сето тоа заедно го изведуваме. Самиот град бараше од нас една вечер да настапиме заедно. имаме наша слична заедничка публика и затоа решивме да го направиме ова. Јас чувстувам голема возбуда и трема и се надевам дека утревечер ќе биде најубаво што може,изјави Дамјановска – Јанчевска.