На денешното судење за случајот “ Талир “ на виделина излезе тоа што со години се шпекулираше во јавноста.
Првиот човек на ГП “ Пелистер “ Силјан Мицевски на распитот за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пари, на прашање на обвинителката Ленче Ристоска опиша како бил рекетиран од првите луѓе на ВМРО ДПМНЕ откако ќе добиел тендер.
На прашање дали некогаш донирал во ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори:
„Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата, изјави Циле.
Притоа Силјан Мицевски не кажа каде и како му ги дал парите на Груевски и зошто не го пријавил случајот.
Циле остана должен да кажи дали со тоа што дал на рака или под рака 10.000 евра на Груевски сторил кривично дело, колку пари “ донирал “ за изборите, кој од партијата на ВМРО ДПМНЕ му влијаел да плаќа за финансирање на МЗТ Скопје.
Со ваквото сведочење Циле индиректно призна дека со нелегално давање пари на рака или под рака на политичките мокници и функционери од ВМРО ДПМНЕ тој ги добивал тендерите, колку проценти давал кога ќе ги добиел тендерите и кому се плаќал.
Силјан Мицевски остана должен да кажи дали му давал пари само на Груевски или и на други функционери од ВМРО ДПМНЕ, или на други политички партии, локални битолски моќници.
Инаку да потсетиме Циле е сведок и во аферата “Рекет“ за исплата на 725.000 евра за “ прекрасната идеја на пензионерката Лилјана Тодоровска за изградба на старски дом во Битола.
И во овој предмет Циле се јавува како сведок.
Упатените велат дека доколку Циле ја отвори устата најдобро ќе се знае каде завршија милјардите евра кои се украдени во времето на режимот на Груевски.
Инаку Силјан Мицевски се спомнуваше во “бомбите“ на Заев за гласањето на луѓе со исти имиња и презимиња од Кравари во Јени Мале и за сугестиите на Чинговски тие што работаат кај него, а нема да гласаат за ВМРО ДПМНЕ да ги избрака од работа.
Тој се спомнува и во случајот со “ Трансмет “.