Синоќа, во просториите на НУУБ ,,Св. Климент Охридски Битола, Македонското научно друштво-Битола го одржа своето редовно годишно изборно Собрание на кое за претседател во наредниот двегодишен мандат (2022-2024 година) повторно беше избрана вонр.. проф. д-р Невена Груевска, која оваа функција ја извршуваше и во изминатиот двегодишен период.
Членовите на изборното Собрание на МНД-Битола, исто така едногласно изгласаа во наредниот двегодишен период, функцијата потпретседател на МНД- Битола да ја врши м-р Николче Трајчески, член на Одделението за општествени науки.
Со одлука на членовите на Собранието на МНД-Битола, избрани се и нов состав на Управен одбор, Уредувачки Совет, Надзорен одбор и Етичка комисија.