Don't Miss
Home / Вести / Д-р Тони Коњановски е кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата

Д-р Тони Коњановски е кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата

Д-р Тони Коњановски е кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Коалцијата за градоначалник на Битола.

Д-р Тони Коњановски е долгогодишен доктор, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Д-р Тони Коњановски, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола. Коњановски е најсериозно најдобрата понуда за Битола, заради тоа што најпрвин ја познава Битола, ги познава сите проблеми на битолчани, а четиригодишниот мандат во Советот му помага точно и прецизно да ги лоцира инфраструктурните, сообраќајните и предизвиците за локален економски развој на Битола, преку нови инвестиции, нови работни места и вложување во туризмот.Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост. Професионалност, стручност, чесност и совесност ги одликуваат и носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Пеце Милевски – актуелниот претседател на ОК НА ВМРО ДПМНЕ Битола и целиот тим, кој што заедно ќе учествува и ќе извојува голема победа на овие локални избори. ВМРО ДПМНЕ со Коалицијата, со програмската и персоналната понуда, со својот непосреден пристап со граѓаните е единствената алтернатива на оваа власт што четири години ја уназади и упропасти Битола.Затоа таков е и изборот, д-р Тони Коњановски е толерантен, чесен, еснаф – човек, разумен, со мирна реторика, тој е вистинскиот профил, и вистинската шанса Битола да добие градоначалник на сите битолчани, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*