Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со премиерот Зоран Заев изјави дека постигнале договор на претседателските избори да одат со заеднички кандидат.
-Се договоривме на овие избори да излеме со заеднички кандидат. И ова да стане стандард и во иднина и ќе биде во корист на граѓаните. Секако дека се разговара за имињата за кои се зборува во јавноста и во наредните денови ќе се одлучи за кандидатот. Ќе има средби и со други партии за и тие да се здружат за оваа добра идеја, рече Ахмети.