Don't Miss
Home / Uncategorized / Избришани снимките за бегството на Груевски

Избришани снимките за бегството на Груевски

Најверојатно нема да видиме како Никола Груевски ја преминал границата со Албанија, во тек на неговото бегство. Пред четири дена, државниот обвинител, Љубомир Јовески за ТВ21 рече дека двајца службеници на обвинителството се во Албанија за да ги земат снимките од безбедносните камери од граничниот премин, но има можност да се вратат со празни раце. Причината поради тоа е што снимениот материјал се брише автоматски.

Но зошто се чекаше толку долго за ваков одговор од албанските власти?

Во однос на добиените снимки од системот познат како „Save City“, Јовески рече дека обвинителот на предметот заедно со овластените службени лица сѐ уште ги анализираат. Бидејќи предистражната постапка сѐ уште е во тек, Јовески одби да им открие на новинарите дали на тие снимки се гледа Никола Груевски. Минатата недела, во интервју за ТВ21, државниот обвинител, рече дека е деликатно да се зборува дали одредени службеници му помогнале на Груевски да избега од Македонија, каде требаше да отслужи казна затвор од две години. Од она што е познато, околу 20 сведоци се земени на распит, а предистражната постапка е во тек. Откако ќе заврши, се очекува Обвинителството да излезе со извештај, кого го очекува и Владата, бидејќи врз основа на тој извештај ќе се утврди кој ќе сноси одговорност за бегството на екс-премиерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*